Траорот што завладеа на „Павел Шатев“, набргу се замени со нова, уште поголема радост. Кратко траела тешката депресија што ги зафати во средочното попладне, кога од вила „Водно“ им пристигна немилата вест.
Соочени со државничкиот потег на претседателот Иванов и револтот на граѓаните кои преку иницијативата „За заедничка Македонија“ застанаа во одбрана на државниот суверенитет и унитарноста, врхушката на СДСМ паднала во тешка депресија, пренесе „Минус инфо“ на познатиот професионалец Зеро. Повикувајќи се на извори од портирницата, тој соопшти дека еден по еден, членовите на врхушката доаѓале во сопчето на Заев и со вресок му се фрлале во спасителската прегратка. Најзагрижен од сите, сепак, бил токму потиштениот лидер родум од Муртино, кој ронел крокодилски солзи и како секогаш кога е вознемирен, мешал струмички.
И шо с’а, шо? Вака не бива, јаз’к да е, Ифаноф не превесла! Врти му на чад’ро, нека наваѓа чаре, оти ќа ва путепам сите, од дека с’а воа? Како не знајахте за воа, не ли гу прислушавате и прецеднико? Ќа ва путепам, калпаци!
И додека Рада, Петре, Роко, Фросина, Павле, Туфегџиќ и сите други засегнати платформаши сложно на смена вртеле заедно кај чадорот, Мухи влегол насмеан и силно ја треснал вратата. Сите се изненадиле како во оваа страшна ситуација за нив тој воопшто и може да се смее. Мухи, пак, замавнал со долгите му коси, го гушнал Адеми и со силна гордост во гласот им соопштил:
Ска секиранција, браќа мои по Соросова идеологија. Мирни да бидете, антимакедонски, ненационални ѓаљови, т.е. другари мои. Ска секиранција, све е наредено и средено, мандат добиваме! Јухуууууууу!!!
Во истиот момент, сите јунаци антимакеоднски на „Павел Шатев“ веднаш се стаписале и помислиле дека Мухи им забегал.
Ти реков дека е шизо – му шепнал Петре на шарениот Павле.
Знам друже, отишол овој! – се согласил шареноглавецот, тажно кимнал со глава и длабоко воздивнал.
Ољивер, како најсталожен, а и така никогаш не ни знаел што да каже, заминал да викне жолто коби да им го вдоми содругарот во кој полагаа голема надеж, но Мухи со малиот пенис викнал на цел глас, сопирајќи го и Ољи.
Ска пробљем мандатарски бре! Ако не го дава Иванов, ќе го дава Нишани бре! Сега сум го зборел, се согласувал со ќеиф! Ајде честито Заев, ајдеее мандатори наш! Ча штунг, ајдеее мандаторииии, ајдееее!
По куса пауза, откога сфатиле што им кажал, социјалдемократите се созеле и почнале хистерично да се смеат, да се гушкаат и до бесвест бакнуваат од радост и од олеснување.
Заев, пак, бил најсреќен. Откако Жерновски со уште петмина го однел двотонскиот камен што паднал од Зорановите гради, лидерот веднаш му се јавил на Рама за да му се заблагодари. Еди, пак, кусо и куртоазно му одговорил дека не било до него, туку Џес на заминување пред да го упатат на прекоманда како чувар во Гвантанамо му го средил и ова. Веста ексклузивно ја пренесе расплаканиот Шљаки на ТВ „Селма“, повикувајќи се на извори од скопскиот рид, по што пред сите среде студио шмркнал една линија.
Најпозитивен од сите, сепак, бил Гладен од „24 паравести“, кој во научно-фантастичното студио (првично планирано за македонска верзија на „Војна на ѕвездите“) успеал да ги собере сите Соросоидни никаквеци од типот на Фрко, Тричко, Мерсал, Маљинка, Ризаов, Тортевски, Кадриу, Арифи, Ружин, Калајџиев, Поповиќ, Маркоски, Трошановски, Забрчанец, Тасева, Пировска, Најчевска, Шишовски и дузина други, а специјален гостин му бил СЈО „специјалецот“ Боки Бургија. Сите во хор и сосема случајно истозначно, на целосна иста линија го протолкувале Уставот и според член 90 констатирале дека оваа македонска криза мора да се заврши во Албанија, каде што и почна со платформата на која ѝ кумуваше токму Заев.
Мандат од Нишани е единствено уставно решение – изјавиле наведените јавно потпишувајќи се на заклучокот.
Како дел од сценографијата и сценариото нарачано од чадорот, на крајот на ова ТВ-шоу кај Гладен, сите станале и ракоплескајќи на подлога од „Рока мандољина“ пееле:
„Заев мандатори, Зоран мандатори, Заев мандатори, Зоран мандатори!“
Од столчињата, сите распеани и насмеани до уши, заминале на средината на СФ-студиото на „24 паравести“ и синхронизирано до совршенство заиграле „Шота“ славејќи го без задршка благородниот и државнички чекор на Бујар Нишани. Забавата на која се приклучиле Заев и 48 велепратеници (со некоја буква разлика од пишаното), толпа проследена од Зеро и од Шљаки, траела до раните утрински часови, а, според познавачите на состојбите (на умот), експертите докусуриле околу 100 литра „скендербег“. Според договореното во платформата, ова ќе станел национален пијалак во државата, задолжителен од 10-годишна возраст, исто како и сунетот…
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.