Во вторник на 7 ми март во 20 часот , во галерискиот простор на “Вондерлуст“ на улица Македонија , ќе биде отворена третата по ред заедничка изложба на ликовните уметници Игор Љубовчевски и Гордана Винчиќ. Изложбата носи наслов “Шепоти на потсвеста“.
-Преку апстрактните дела доаѓаме во најблизок допир со нашата потсвест. Во делата се користиме со визуелен јазик и форми кои се независни од визуелните референци во стварниот свет. Тие се субјективни и имагинарни , творени непосредно ,спонтано, со динамичен автоматизам во моментот на изведбата. Познатиот психоаналитичар Карл Густав Јунг вели дека потсвеста контиунирано се обидува да не советува и да ни помогне во било каква потреба . Тоа го прави со еден симболички јазик преку соништата , фантазиите и медитацијата . Со нашите дела сакаме да оддадеме почит и важност на она што потсвеста сака да ни го каже . Гледајки ги делата сакаме и набљудувачот да го поттикнеме да навлезе во својата потсвест, ризница на мудроста , мајка на сите свесни чинови . Препуштајќи и се на потсвеста во самото творење дојдовме во контакт и со најискрените чувства. Истото го сакаме и за набљудувачот, велат авторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.