| четврток, 6 декември 2018 |

Самостојна изложба на скулптури на Гордана Хаџи Николова Малашев „Понекогаш тие“

Утре во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на скулптури „Понекогаш тие“ на Гордана Хаџи Никола Малашев во 19 часот.

unnamed (4)

Гордана Хаџи Николова Малашев, скулптурите кои ги претставува на изложбата, под заеднички наслов ги нарече „Понекогаш тие“. Тоа се ликови преку кои таа ги материјализира своите интимни духовни содржини кои од време на време мораат да добијат форма и да го покажат своето постоење. Нејзините ликови имаат карактер на архетипови чија идентификација ни ја олеснуваат насловите со кои ги именува: преживеан, левент, се уште жив, прамајка, оголена …

Скриени некаде длабоко во потсвеста овие ликoви излегуваат од удирот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма, со едноставни, мирни и чисти површини.

Малашев завршила на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје отсек вајарство во 2000 та година во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2003 година се стекнува со звање магистар по вајарство на истиот факултет, повторно под менторство на проф. Драган Попоски Дада.

Член е на Друштво на Ликовни уметници на Македонија, Друштво на Ликовни уметници на Гевгелија и Друштво на Ликовни уметници на Битола. Учествувала на многу Меѓународни симпозиуми и Ликовни колонии во земјава и странство. Нејзините дела се дел од повеќе домашни и странски колекции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top