| четврток, 6 декември 2018 |

Трет протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје го одржа третиот протестен марш против промена на Уставот и заштита на името и суштината на државата. Маршот започна од пред Владата на Република Македонија, продолжи пред Собранието од каде полицијата спречи насобраните да се упатат кон седиштето на СДСМ.

Za zaednicka Makedonija 3 den (35) (Custom)

фотогалерија Александар Ивановски

Полицијата ги запре на половина пат меѓу Собранието и седиштето на СДСМ во исто време кога се обраќаше лидерот Зоран Заев. Насобраните после тоа се разотидоа, а организаторите најавија дека и утре ќе одржат протестен марш.

Za zaednicka Makedonija 3 den (34) (Custom)

Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“, изрази благодарност до претседателот Ѓорге Иванов, поради тоа што го почитувал Уставот и нивните барања и не му го додели мандатот на Заев да формира влада . ­

-Му благодариме на претседателот Ѓорге Иванов, кој ги испочитува законите и Уставот на Република Македонија, како и нашите барања. Граѓани ова е трет ден на нашите протести и прва победа, не чекаат уште многу, порача Дамовски.

Za zaednicka Makedonija 3 den (33) (Custom)

Актерот Ванчо Петрушевски го повика и членството на СДСМ да се приклучи на протестите. ­

-Македонија ве повикува да застанеме во одбрана на унитарниот карактер на државата. Го повикуваме членството на СДСМ и секој граѓанин кој искрено ја сака мултиетничка, а не двонационална Македонија, да ни се приклучи. Не стојте настрана, ова е поважна битка, местото ви е со народот. Ние, граѓаните сакаме да застанеме зад една партија, а тоа е нашата Македонија, рече Петрушевски.

Za zaednicka Makedonija 3 den (31) (Custom)

Тој повтори дека нема да дозволат прифаќање на платформи направени во туѓа земја. ­

-Нема да дозволиме да бидеме уценети со туѓи платформи и некој на мала врата да ни протурка нешто што не сме го гласале на избори. Да не дозволиме нешто од надвор, нечие туѓо сценарио да ја разјаде нашата држава од внатре. Изборот кој го направивме е Македонија, неподелена, суверена и заедничка, рече Петрушевски.

Za zaednicka Makedonija 3 den (30) (Custom)

Нагласи дека ваквата идеја ја поддржале и илинденците и партизаните. ­

-Отфрлете тоа што сте прифатиле. Сакаме да направиме граѓанска, народна платформа зад која ќе застанат Македонците, чесните Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци. Тоа им го должиме на нашите деца. Време е да се погледнеме во очи и да кажеме, за Македонија се работи. Македонија е нашата идеологија и нашата партија. Таа не повикува да се обединиме и да ја одбраниме заедно од обезличувањето, бидејќи друга резервна татковина немаме, истакна Петрушевски.

Za zaednicka Makedonija 3 den (29) (Custom)

На насобраните им се обрати и актерот Гоце Тодоровски, кој упати критика кон барањето на Албанците во платформата. ­

-Нашите сограѓани Албанци побараа да бидеме 50 на 50. Како не им е срам, со 20 отсто бараат да бидат со нас рамноправни, рече Тодоровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top