| четврток, 6 декември 2018 |

Едноставно и природно: направете сами замка за комарци

Ова лето престанете да се криете зад мрежата за комарци и излезете надвор на тераса, во двор, на скара во природа…Надмудрете ги малите, досадни инсекти со замка без хемикалии, која сами ќе ја направите.

Зошто да дозволите комарците да ви го расипат уживањето во летните месеци, кога е доволно да преземете минимален напор и засекогаш да исчезне досадното зуење околу вас?

Погледнете колку е лесно да се направи ефикасна и природна замка, која не ги одбива комарците, туку напротив, толку многу неодоливо ги привлекува на едно место, што вие или членовите на вашето семејство или вашите пријатели ќе им станете потполно неинтересни.

1 .Пресечете шише од 1,5 л во горниот дел

2. Помешајте 200 мл топла вода со 50 гр. жолт шеќер

3. Кога мешавината ќе се олади додадете 1 кг квасец ( не мора да се меша)

4. Превртете го горниот дел од шишето и ставете го внатре

5. Завиткајте го шитешо со весник или со темна хартија

6. Ставете го во темен агол, а шишето менувајте го на 15 дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top