Во периодот од втори март до 25 март во Павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград се одржува заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и Мирослав Масин, со наслов „Горе длабоко – долу висико“.
ДОЛУ ВИСОКО
Стојан Ѓуриќ останува долу до „самите нешта“, но неговиот поглед не е понирање во длабочината, не е потрага за лосос. Ѓуриќ се соочува со деталите, претходно воочени и согледани од високо. Тој поглед од високо, на растењето на животот кој нема смисла во нешто друго, и кој не одредува ништо друго, сликањето на животот како самостојна сила, како хаос, покрај секој ред хармонија – ни ја покажа неговиот денешен циклус Hot line.
ГОРЕ ДЛАБОКО
Мирослав Масин, познатиот македонски сликар живее „таму каде што ветерот најостро дува“, во „пустите предели на Поларната мечка“, како што во песната „Од високите планини“ вели германскиот мислител со заразно здравје.
Оваа волшебна висина открива присутност на сѐ во сѐ, нераскинливи врски на постоењето, траењето, кое не е со разум сместено и организирано во ликови и нешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.