Хуан Мартин дел Потро и Новак Ѓоковиќ со победи го започнаа АТП турнирот во Акапулко во Мексико и ќе се сретнат меѓу себе во осминафиналето за време на следната ноќ по средноевропско време.
Дел потро забележа победа, откако во полуфиналето во Делреј Бич минатата недела загуби од Милиш Раониќ. Аргентинецот славеше против Таифо од САД со 2-1 (6-4, 3-6, 7-6) во сетови.
Новак Ѓоковиќ не блескаше, но го елиминира Словакот Мартин Клижан со 2-0 (6-3, 7-6) и ќе има можност за реванш против Аргентинецот од кого загуби во првото коло на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.
Рафаел Надал истотака со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови беше подобар од Миша Зверев од Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.