По Бојан Богдановиќ, екипата на Бруклин нетс од синоќа ја напушти и еден од најдобрите аргентински кошаркари Луис Скола.
36-годишното ниско крило го раскина договорот со Нетси и сега како слободен кошаркар ќе може да ја избира новата средина, а може и да потпише со екипа која има плејоф амбиции во НБА-лигата.
Скола во Бруклин пристигна минатата година од редовите на Торонто, а на 36 одиграни натпревари за овој тим забележи просек од 5,1 поен и 3,9 скока по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.