| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот министер Наумов има 6 деца

jeri i decataНовиот министер без ресор во Владата на Република Македонија, Џери Наумов, е Македонец роден во градот Колумбус во американската федерална држава, а по потекло е од битолското село Ѓавато.

Наумов, кој во англиска транскрипција се чита Наумоф, дипломирал маркетинг и бизнис- администрација, а по 3 децении искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик, во 1993 година ја основал својата консултантска компанија за менаџирање ризик „Наумоф груп доо“.

Наумов до преземањето на новата функција во македонсакта влада живеел во Чикаго со својата сопруга, со која имаат шест деца. Двајца од нивните синови работат и студираат во Македонија.

Наумов во март оваа година стана член на Одборот на директори на „Македонија 2025“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top