| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Во Англија дојдов за да освојувам титули

zlatan ibrahimovic

Манчестер јунајтед го освои ЕФЛ Купот на Англија, победувајќи го Саутемптон со 3-2 во финалниот натпревар што се одигра на „Вембли“. Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој го постигна и победничкиот погодок во финишот на средбата. Тоа е прв трофеј за Ибракадабра во Англија.

– Затоа и дојдов во Англија, за да освојам трофеи. Среќен сум што победивме. Колку повеќе трофеи, толку повеќе причини за радост за мене и за моите соиграчи. Знаев дека ова ќе биде една прекрасна авантура, и нема да застанеме тука. Не е важно кој е стрелец. Да, јас постигнав два гола и мојата работа е да постигнувам голови – изјави Златан Ибрахимовиќ по првиот освоен трофеј на Островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top