Судијата Карен Хорнер изјавила дека родителите го изолирале Алекс од било кој што би го надгледнувал неговиот инсулински третман. Алекс починал од бактериска сепса предизвикана од екстремно изгледнување. Неговата физичка состојба не била предизвикана моментално, туку таа е резултат на месеци и години на злоупотреба на детето.
– Доказите покажуваат дека Радит биле свесни колку е болно нивното синче, но одбиле да го лекуваат со инсулин и да му ја обезбедат неопходната медицинска помош. Тие знаеле дека тој е пред умирање!- додала судијката.
Сведоците велат дека родителите одбиле да го прифатат фактот дека нивниот син има дијабетис и не го лекувале додека не бил хоспитализиран во 2003-тата година на раб на смрт.
Една од медицинските сестри повикани на местото на настанот изјавила дека телото на Александру изгледало како тој да е „мумифициран”.
– Таа го опиша како толку слаб што изгледал како да е мумифициран. На лицето не можело да му се види месо, а на цело тело имал толку длабоки рани од кои коските јасно се гледале. Од желудникот не му останало ништо. Обемот на неговата половина изнесувал 8 сантиметри. На себе имал пелени и маица по кратки ракави. Не дишел!” – гневно зборувала судијката.
Родителите се осудени на доживотен затвор без можност за помилување во наредните 25 години. Како што се вели, тие не покажале никаква емоција ниту пак имале некој коментар по пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Дете прегазено на пешачки во Скопје(фото)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Угостител од Кеј нападнал 10-годишно дете