Во последните минути од натпреварот меѓу Џенова и Болоња, при резултат 0-1 за гостите, тренерот на Џенова Андреа Мандорлини го повика Горан Пандев да влезе во игра да го засили нападот.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, македонскиот репрезентативец бил видно вознемирен и почнал да негодува, по што тренерот се обидел да му објасни дека е можно да се избегне пораз. Но, Мандорлини не успеал да го убеди напаѓачот и се премислил, па во игра во 92. минута го стави Оливје Нчам, кој две минути подоцна и донесе израмнување на Џенова за конечен резултат 1-1.
Сепак, Мандорлини веднаш ја спушти топката и по натпреварот кажа дека нема никаков проблем со Пандев.
– Пандев лут? Имавме недоразбирање со Горан, ниту еден играч не е среќен да влезе во игра во судиското надополнување. Место него го ставив во игра Нчам, кој од вториот шут постигна гол. Среќен сум за него и за тимот, заслуживме реми – образложи тренерот на Џенова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.