Италијанската компанија Аутостраде пер Л’ Италија, оператор на мостот во близина на Џенова, при чие уривање загинаа 39 лица, денеска изрази уверување дека ќе докаже оти ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тој мост.
Италијанската влада претходно денеска започна постапка за одземање на концесијата на таа компанија, која е дел од инфраструктурната група Атлантија.
Владата во Рим, исто така, повика на оставка на највисокото раководство на компанијата и најави дека ќе побара изрекување на високи казни.
– Во врска со плановите за одземање на концесијата, компанијата Аутостраде пер Л’ Италија изразува уверување дека ќе биде во можност да докаже оти секогаш коректно ги исполнувала своите обврски како носител на концесијата, се вели во соопштението на компанијата.
– Нашето уверување се базира на мониторингот и активностите за одржување, кои се спроведуваат во согласност со најдобрите меѓународни стандарди. Во оваа фаза, тоа не е можно да се обезбеди ниту едно сигурно образложение за причините за падот, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.