| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Логан: Вулверин“ на втори март во кината во Македонија

„Логан: Вулверин“  е новиот долгоочекуван филм во кој за последен пат ќе го гледаме Хју Џекмен во улогата на Вулверин, а премиерата на овој филм е закажана за втори март во кината во Македонија. Картите за премиерната проекција се пуштени во продажба и можат да се купат преку интернет или во благајните на киното „Синеплекс“.

Лаура Кини, креирана од страна на Крејг Кајл, пред да се појави во стрип-серијата, дебитираше на телевизиската серија „Икс-мен: Еволуција“. Таа е мутант што настана од вулверинскиот генетски материјал. Вкупно имаше дваесет и два неуспешни обиди од вулвериновиот ДНК да се направи ултимативен мутант како совршено оружје. Дваесет и третиот експеримент (X-23) е девојка, родена од сурогат мајка научник, учена од малечка да биде војник. Нејзините креатори, нестрпливи во очекување за нејзините мутантски гени да прорабодат сами од себе, почнуваат да ја бомбардираат со радиоактивни зраци за да ја убрзат нејзината мутација со тоа што ѝ се создаваат канџи на рацете и на нозете.

Во филмот мутантот X-23 го глуми младата глумица Дафни Кини позната по тв-серијата  „Бегалци”.

Доаѓањето на X-23 мутантот во Икс-мен франжизата е голем момент за сите обожаватели, а колку нејзината приказна ќе помине низ филмот и што ќе дознаеме за неа и за Логановиот однос, ќе дознаеме од 2 март, кога овој филм доаѓа во кината низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top