| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Политичари губитници, болни за власт по секоја цена го сквернават Уставот

sotir-kostov

За актуелните скандалозни случувања во Македонија, аналитичарот, правник и поранешен јавен обвинител Сотир Костов пишува дека во моментов сме сведоци на еден убиствен за Македонија и самоубиствен за нив самите композит од губитнички и исфрустрирани политички субјекти и субјекти гладни и болни за власт по секоја цена.

– Конечно паднаа сите маски, на виделина се појави лошото актерство и вистинските грди лица. Но, сведоци сме и на изигрување на мнозинската воља на македонските избирачи, кои се ставени во позиција да ја трпат тиранијата на малцинството. Истите тие актери, кои со платформи и ‘’суштински – суштествен став’’ го сквернават Уставот, во името на тој Устав, сега ќе бараат мандат да составуваат влада и како поразени да владеат со Македонија. Тоа не е дозволено. За да уживаш права од Уставот на Република Македонија, најпрвин треба да го почитуваш. Обврзувачки е да не се однесуваш спротивно на неговите одредби. Тој, УСТАВОТ, е Lex superior – ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ – во кој е вграден основниот државнички принцип – во основата на државата. Во случајот Република Македонија, се вградени темелните уставни вредности на уставниот поредок.

– Во овој контекст платформата на албанските партии е акт на нелојалност кон Р. Македонија и акт на разорување на унитарноста на нашата држава. Зошто? Затоа што е сурова политичка уцена и безобѕирен и безобразен пазар, помеѓу нејзините потписници, од една страна, и Зоран Заев и раководството на СДСМ, од друга страна. Тоа е пазар со темелните вредности на кои почива Македонија – УНИТАРНОСТА, НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, УСТАВНИОТ КАРАКТЕР НА СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ, НА СЛУЖБЕНИОТ ЈАЗИК, ЗНАМЕТО, ХИМНАТА И ГРБОТ!, пишува Ковстов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top