На синиќешната седница на Централниот одбор на СДСМ лидерот на партијата Зоран Заев им ги сопштил на присутните членови на одборот дел од точките кои биле договорени со ДУИ. Освен за работите за кои веќе се знае во јавноста дека се прифатени, Заев и СДСМ постигнале договор за широка употреба на Законот за јазици, со кој практично ќе се официјализира албанскиот јазик. Неговото образложение било дека Албанците не се чувствуваат како конститутувен народ, и со ова законско решение тие ќе се изедначат со Македонците.

Поради непријатната атмосфера која настанала и покрај тврдењата на Бујар Османи дека Законот за јазиците е готов и целосно усогласен, Заев на Централниот одбор соопштил дека во овој момент номотехнички не е напишан Законот и посочил дека ќе се отвори прашањето за промена на знамето, грбот и химната, но тоа би се решавало во втора фаза.
Исто така, ги информирал сопартијците дека на средбите се разговарало во химната покрај Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански да се додадат неколку имиња на албански екстремисти и членови на балистичкото движење на Наим Фрашери – Наим Фрешери, Мефаиљ Зајази и Џемо Хаса.

Заев прифатил да се осуди геноцидот што го извршиле вооружени сили против цивилно албанско население. Оправдувањето пред членовите на Централниот одбор му било да не стравуваат, бидејќи обвинувањето ќе се насочи кон Србите и тогашната српска власт. Така, наместо Македонците, за геноциден народ ќе се обвинат Србите и тогашната српска власт.

Освен тоа, Заев информирал дека со ДУИ зад затворени врати се преговарало и за одложување на локалните избори, бидејќи моменталното расположение на населението не било поволно за СДСМ. Воедно, Заев најавил избор на свој јавен обвинител кој ќе работи во согласност со политиките на владата на СДСМ.

Заев потврдил, како што претходно најави самиот Бујар Одмани, дека се договорени и двојазични пари и казна до 5 илјади евра за правното лице кое нема да ја почитува примената на двојазичноста.

Дел од членовите на Централниот одбор на СДСМ ги примиле одлуките со негодување и остро се противеле. Неколлкуте члена кои не зстанале зад одлуките на Заев предупредиле на штетноста на овие одлуки, кои го уриваат унитарниот карактер на државата, загарантиран во Уставот. На овој начин, велат тие се загрозува понатамошниот опстанок на Македонија, што, исто така, предупредиле, народот нема да го прифати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


