| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Поп-Атанасов: Сите како еден да застанеме на страната на Македонија

Актуелната политичка ситуација во која се наоѓа државата е исклучително неповолна ситуација за Македонија. Академик, Ѓорѓи Поп-Атанасов, македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, стаословенист доктор по теолошки науки и постојан член на Македонската академија на науките и уметностите, во интервју за Прес24, вели дека Македонија се наоѓа во ситуација во која е загрозен нејзиниот опстанок и македонскиот национален идентитет.

gjorgi pop atanasov

За него од исклучително значење е итно обединување на македонскиот народ.

Во овие тешки времиња за Република Македонија, не е доволно само еден дел од македонскиот народ да застане во одбрана на својата земја; потребно е сите како еден да застанеме на нејзина страна. Ако не го сториме тоа сега и веднаш, ризикуваме наместо иднина, на својата земја да и обезбедиме сигурна небиднина. Во името на нашите претци и во името на нашите идни поколенија наша должност е да не дозволиме тоа да се случи, вели академикот.

Платформата со која албанските партии го условуваат формирањето на индата влада, спроед академик Поп-Атанасов е платформа на Тирана и „самото прифаќање да се разговара за неа во раководните органи на македонските политички партии (мислам на сите политички партии регистрирани во Република Македонија) е чин на велепредавство.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top