Врз Македонија, со активна помош на лидерите на НАТО се врши огромен притисок и обид да се наметне т.н. „Албанска платформа” договорена во Тирана и потпишана во канцеларијата на Албанскиот премиер, со која се поткрепуваат плановите за т.н. Голема Албанија, со која се полага право врз голем дел од териотриите на соседна Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Особен е загрижувачко што во шемата се инволвирани и властите од себепрогласената држава Косово. Веруваме дека ова е екстремно опасна линија, со која се заканува уништување на државноста и самостојноста на Македонија и се предизвикува дестабилизација на Балканот во целост – се додава во реакцијата на МНР на Руската Федерација.
Сакаме да потсетиме дека на 11-ти декември 2016, на инсистирање на ЕУ и САД се одржаа предвремени парламентарни избори на кои победата ја однесе владеачката партија, предводена од Никола Груевски. Сега, Западот преку Албанското малцинство се обидува да ја префрли власта во рацете на поразената опозиција, преку ултиматум со кој се бара гаранција за исполнување на барањата на Албанците, што доведува до ерозија на државните и уставни темели.
Продолжените деструктивни обиди за наметнување на надворешната волја, спротивно на волјата на Македонските гласачи може само да ја заостри ситуацијата. Неопходно е да се престане со надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, и да се почитува правото на одлучување на Македонскиот народ за сопствената иднина во согласност со фундаменталните демократски принципи – велат од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Освен реакцијата на Руското МНР, досега ниту една друга меѓународна организација или држава не излезе со осуда за т.н. албанска платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.