Синот на еден од најдобрите фудбалери во историјата, легендарниот Пеле од синоќа е во затвор на отслужување на 12 годишна казна.
33-годишниот Едсон Шолби до Насименто, кој е поранешен голман на Сантош но се пензионираше во 1999 година затоа што повеќе го сакал ноќниот живот, во 2014 година беше осуден на 33 години затвор поради проблеми со дрогата.
Откако поднесе жалба казната му беше намалена на 12 години, и по правосилноста на одлуката, од денеска мора да ја отслужи затворската казна. Токму поради тоа синоќа бил уапсен во Сао Паоло.
Легендарниот Пеле не сакаше да ги коментира случувањата со неговиот син, потенцирајќи за бразилските медиуми дека тоа е негов живот и ќе мора да се соочи со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.