| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини: Жал ми е за мојот пријател Раниери, ќе остане во срцата на навивачите на Лестер

mancini

Еден од кандидатите за наследник на Клаудио Раниери на тренерската позиција во Лестер, Италијанецот Роберто Манчини, упати порака до својот колега кој синоќа неочекувано беше отпуштен од англискиот шампион.

– Жал ми е за мојот пријател Раниери. Тој ќе остане запишан во историјата на Лестер, но и во срцата на навивачите на клубот и на сите фудбалски фанови, напишал Манчини на Твитер.

Инаку според „Скај Спортс“, раководството на Лестер веќе е во контакт со Роберто Манчини, а и според неколку обложувалници важи за фаворит за тренерската позиција на актуелниот англиски шампион, кој оваа сезона ќе се бори за опстанок во лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top