| четврток, 6 декември 2018 |

Ивковиќ: Театарот е местото во кое се исполнуваат соништата

Искре­но ве­ру­вам де­ка те­а­та­рот сѐ уште има моќ и си­ла, не са­мо да на­пра­ви про­ме­ни вна­тре за се­бе, ту­ку и да ги из­бри­ше амо­рал­ни­те вред­но­сти во оп­штес­тво­то, ве­ли Игор Ивко­виќ

Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци од Скоп­је ги поч­на под­го­то­вки­те за прет­ста­ва­та „Ма­чо­рот во чиз­ми“. Адап­та­ци­ја­та на поз­на­та­та при­каз­на од Шарл Пе­ро ја на­пра­ви Гор­јан Ми­ло­шев­ски, спо­ред Ва­ши­те идеи. Ка­ко ја за­мис­ли­вте прет­ста­ва­та?

Ивко­виќ: „Ма­чо­рот во чиз­ми“ ќе би­де ин­те­ра­ктив­на, за­бав­на, смеш­на хе­рој­ска ко­ме­ди­ја, во ко­ја ќе изо­би­лу­ва ма­ги­ја­та и илу­зи­ја­та. Со ко­ле­га­та Гор­јан Ми­ло­шев­ски, кој е автор на тек­стот, соз­да­дов­ме но­во ори­ги­нал­но чи­та­ње на бај­ка­та од Шарл Пе­ро, што е мош­не уни­кат­но и прив­леч­но за де­неш­на­та мла­да пуб­ли­ка.

Ана­ли­зи­рај­ќи го са­ми­от нас­лов „Ма­чо­рот во чиз­ми“, се оби­дов­ме да од­го­во­ри­ме на пра­ша­ње­то: што е тоа тол­ку не­о­бич­но, чуд­но или вол­шеб­но што го пра­ви тој ма­чор по­се­бен и впе­чат­лив. Низ кре­а­тив­на ди­ску­си­ја зак­лу­чив­ме де­ка тоа е до­бра­та ма­ги­ја и илу­зи­ја, ко­ја му по­ма­га на ма­чо­рот Макс да го спа­си кралс­тво­то од кан­џи­те на ло­ши­от и зло­бен ве­штер-ма­ги­о­ни­чар Уж­векс.

Со оваа прет­ста­ва, ко­ја е пр­ва од го­ди­наш­на­та про­гра­ма на Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци, се оби­ду­ва­ме да вне­се­ме и све­жи­на не са­мо во со­др­жин­ска, ту­ку и во естет­ска смис­ла на прет­ста­ви­те за де­ца. За таа цел, осо­бе­но е важ­на и со­ра­бо­тка­та со илу­зи­о­ни­стот Го­го Ре­кви­ем, кој да­ва осо­бен при­до­нес во кре­и­ра­ње­то на прет­ста­ва­та.

 

Обич­но во при­каз­ни­те има по­ра­ка не са­мо за де­ца­та, ту­ку и за во­зрас­ни­те. Ка­ква по­ра­ка но­си оваа прет­ста­ва?

Ивко­виќ: За раз­ли­ка од сом­ни­тел­ни­те мо­рал­ни по­ра­ки во ори­ги­нал­на­та бај­ка на Шарл Пе­ро, во ко­ја итри­на­та, ма­ни­пу­ла­ци­ја­та и ко­рум­пи­ра­но­ста се аду­ти­те за ис­пол­ну­ва­ње це­ли во жи­во­тот, на­ши­от „Ма­чор во чиз­ми“ ги про­мо­ви­ра хе­ројс­тво­то, дру­гарс­тво­то и до­бро­то. Тој му по­ма­га на не­го­ви­от гос­по­дар Кас­пер да ста­не принц за­тоа што ве­ру­ва во до­бро­то дру­гарс­тво и при­ја­телс­тво. Во жи­во­тот мач­ки­те се­ко­гаш ги пер­ци­пи­ра­ме ка­ко ин­ди­ви­ду­ал­ни су­штес­тва, кои не спо­де­лу­ва­ат емо­ции и ни­ко­гаш не мо­же да се скро­тат. На­ши­от ма­чор што но­си вол­шеб­ни чиз­ми не е се­би­чен, ту­ку аван­ту­рист и хе­рој, кој го спа­су­ва це­ло кралс­тво од пу­сто­шот на ло­ши­от ве­штер.

Оваа прет­ста­ва ќе би­де за­бав­на не са­мо за дет­ска­та пуб­ли­ка, ту­ку и за по­во­зрас­на­та. Пуб­ли­ка­та од раз­лич­ни ге­не­ра­ции ќе ужи­ва во без­број­ни­те ур­не­бес­ни аван­ту­ри што ги пре­диз­ви­ку­ва­ат смеш­ни и ка­ра­ктер­ни ли­ко­ви, кои ги тол­ку­ва­ат: Мар­тин Јор­да­нов­ски, Не­над Ми­тев­ски, Ми­ки Ан­чев­ски, Ма­ри­ја Ѓор­ѓи­јо­ска, Емра Кур­ти­шо­ва, Не­над Ми­тев­ски, Ви­не­та Дам­чев­ска, Вла­ди­мир Ла­зов­ски.

Исто та­ка, со ма­ги­ја­та и со илу­зи­ја­та што ќе би­де ко­ри­сте­на во прет­ста­ва, за­ед­но и со илу­ми­на­ци­ја­та, ка­ко екск­лу­зив­ност на на­ши­от ре­пер­то­ар, ве­ру­вам де­ка ќе ја ис­про­во­ци­ра­ме и ти­неј­џер­ска­та, но и по­во­зрас­на пуб­ли­ка.

Igor-ivkovic-5

Со Ва­ша­та прет­ста­ва, всуш­ност, поч­ну­ва ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­гра­ма­та на Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци во 2017 го­ди­на. Од ас­пект на ре­зи­ден­тен ре­жи­сер во Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци, ка­же­те ни што дру­го ќе мо­же да се пог­лед­не на ре­пер­то­а­рот оваа го­ди­на?

Ивко­виќ: Пред­ви­де­но е да се ре­а­ли­зи­ра­ат уште три дру­ги про­е­кти. Вед­наш по „Ма­чо­рот во чиз­ми“, со ра­бо­та про­дол­жу­ва при­ја­те­лот на Те­а­та­рот за де­ца и за мла­дин­ци, ре­жи­се­рот Бо­њо Лун­гов, кој ќе ра­бо­ти на мју­зик­лот „Учил­ни­ца 303“, а до по­че­то­кот на ле­то­то ќе се ре­а­ли­зи­ра и прет­ста­ва­та „Снеж­на­та кра­ли­ца“, во ре­жи­ја на Со­фи­ја Ри­стев­ска.

До кра­јот на го­ди­на­та, ќе би­де ре­а­ли­зи­ра­на уште еден про­ект за кој ве­ру­ва­ме де­ка ќе би­де ви­стин­ски хит, а тоа е прет­ста­ва­та „Во ме­се­че­ва­та со­ба“, во ре­жи­ја на го­сти­нот од Бу­га­ри­ја, Пе­тар Па­шов Пом­ла­ди­от.

 

Акти­вен сте и во „Те­а­тар 007“, „Ли­ца без ма­ски“ и во Учи­ли­ште­то за те­а­тар „Од игра до прет­ста­ва“, ка­ко ре­до­вен пре­да­вач… Што се под­го­тву­ва та­му?

Ивко­виќ: За­ед­но со „Ма­чо­рот во чиз­ми“, во тек се и фи­нал­ни­те под­го­то­вки за ју­би­леј­но­то де­сет­то по ред из­да­ние на ИТФ „Ли­ца без ма­ски“, што ќе се одр­жи од 8 до 12 април. Во зна­кот на ју­би­ле­јот соз­да­дов­ме, на­ви­сти­на, ус­пеш­на про­гра­ма, со ин­тер­на­ци­о­нал­ни го­сти, а на на­ше за­до­волс­тво и со го­лем број ма­ке­дон­ски не­за­вис­ни те­а­тар­ски про­дук­ции.

Се­ка­ко, ту­ка се и не­зи­беж­ни­те ча­со­ви со најм­ла­ди­те, но и по­во­зрас­ни љу­би­те­ли на те­а­та­рот, кои са­ка­ат да здо­би­јат зна­е­ња за актер­ска­та игра, ре­жи­ја­та, кре­а­тив­но­то пи­шу­ва­ње и се­кој час и ден е но­ва ус­пеш­на и за­бав­на при­каз­на.

 

По во­ка­ци­ја ре­жи­сер, из­вес­но вре­ме но­ви­нар, а во пос­лед­но вре­ме нај­го­лем дел од вре­ме­то го по­ми­ну­ва­те во те­а­та­рот. Што прет­ста­ву­ва за Вас те­а­та­рот? Ка­ко го до­жи­ву­ва­те?

Ивко­виќ: Те­а­та­рот е ме­сто­то во кое се ис­пол­ну­ва­ат со­ни­шта­та. Тоа е ме­сто­то во кое илу­зи­ја­та ста­ну­ва ре­ал­ност, а ре­ал­но­ста ја кре­и­ра­ме ка­ко мно­гу по­у­ба­ва и по­ве­дра од таа што ја жи­ве­е­ме. Мо­же­би на тој на­чин и јас ин­тим­но се оби­ду­вам да бе­гам од ре­ал­но­ста, ко­ја, за жал, е су­ро­ва и бо­ли по си­те ра­бо­ви на ег­зи­стен­ци­ја­та.

Искре­но ве­ру­вам де­ка те­а­та­рот сѐ уште има моќ и си­ла, не са­мо да на­пра­ви про­ме­ни вна­тре за се­бе, ту­ку и да ги из­бри­ше амо­рал­ни­те вред­но­сти во оп­штес­тво­то.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 234. број на неделникот „Република“, 24.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top