„Земја во која не се стигнува “ е насловот на првиот македонски музички спектакл за деца – мјузиклот кој ќе го подготви Театарот за деца и младинци (ТДМ).
Текстот за мјузиклот е на познатата македонска писателка Оливера Николова, музиката е на маестро Александар Џамбазов, а режисер на мјузиклот ќе биде Виолета Џолева.
Музички продуцент е Александар Митевски , кореограф е професорката Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот е професор Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.
Во мјузиклот ќе учествуваат деца актери на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои знаат да пеат и имаат актерски талент. Поради тоа, ТДМ организира аудиција на 21,22 и 23 септември во просториите на Детски Културен центар ,,Карпош “ на улица ,, Илинденска бр 53” ( поранешен назив ,, Пионерски Дом Карпош “).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци
-
„Тоби“ е новата хит-куклена претстава во Театарот за деца и младинци