Го викаат кралот на боемската музика и со право, бидејќи во времето на Југославија, но и денеска, важи за еден од најбараните изведувачи. Помладите можеби не знаат, но се работи за човекот со повеќе продадени албуми од било кого од екс-ју просторите.
Токму тој – Мирослав Илиќ е гостин во новата епизода од најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на eден“.
Жаре и Мирослав си поминаа одлично. Мирослав раскажа за неговите студентски денови во Скопје, за инцидентот со Аркан, за несекојдневните дружби со легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков и Новак Ѓоковиќ, како и уште многу, многу други работи.
Плус, Мирослав не пропушти во живо да запее и да покаже зошто е „славејот од Мрчајевци”.
Сабота, 19:15 часот на телевизија „Телма“, уживајте во новата епизода од вашето омилено шоу. Ќе има и специјални гостувања од Марија Јаневска (Белешките на Лајла Грејс) и осмооделенецот Матеј кој ќе презентира совршено решение за загадувањето во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)