| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Илиќ: Аркан беше виновен, не јас!

Го викаат кралот на боемската музика и со право, бидејќи во времето на Југославија, но и денеска, важи за еден од најбараните изведувачи. Помладите можеби не знаат, но се работи за човекот со повеќе продадени албуми од било кого од екс-ју просторите.

Токму тој – Мирослав Илиќ е гостин во новата епизода од најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на eден“.

Жаре и Мирослав си поминаа одлично. Мирослав раскажа за неговите студентски денови во Скопје, за инцидентот со Аркан, за несекојдневните дружби со легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков и Новак Ѓоковиќ, како и уште многу, многу други работи.

Плус, Мирослав не пропушти во живо да запее и да покаже зошто е „славејот од Мрчајевци”.

Сабота, 19:15 часот на телевизија „Телма“, уживајте во новата епизода од вашето омилено шоу. Ќе има и специјални гостувања од Марија Јаневска (Белешките  на Лајла Грејс) и осмооделенецот Матеј кој ќе презентира совршено решение за загадувањето во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top