| четврток, 6 декември 2018 |

Семките и сончогледот се главна занимација на натпреварите во Македонија

vardar tribini fudbal

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, направи истражување што прават навивачите кога судијата ќе означи крај на првиот дел од натпреварот.

Присутните на стадионот често бараат „занимација“ кога 15 минути нема фудбал, а претставник на УЕФА во Македонија во својот записник ставил дека навивачите на трибините грицкаат сончоглед, или пак семки. Слично е во Србија, Бугарија, Косово, БиХ, Хрватска… каде покрај семки и сончоглед е означено дека се јадат и кикирики.

Oд регионот различно е во Албанија, каде од УЕФА велат дека на полувремето најчесто се конзумира ќебапи или ќофтиња, како и на стадионите во Грција, каде најчесто се конзумирало „вромико“, специјалитет сличен на хот-дог. Во Турција, пак, стои дека фановите најчесто на полувреме купуваат ќофтиња или ајран.

uefa

Во земјите од топ-5 лигите, во Шпанија се конзумира сончоглед и „бокадиљо“, специјалитет сличен на сендвич, во Англија, пак, најчесто е купувано сендвичи со говедско и свинско месо, во Франција најконзумирани се сендвичи со колбаси, во Германија, очекувано, број еден се пивото и колбасите, а во Италија најпознат е сендвичот „салсичиа“, кој знае да биде со „саламела“, или пак со колбас, лук и пиперка, во зависност дали сте во Милано или Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top