СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ј. (28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 6 февруари околу 19.20 часот Б.С. од Битола отишол во домот на својот чичко, каде бил и С.Ј., и побарал од истиот да му се извини за телефонските закани кои му ги упатувал на неговиот татко. По ова С.Ј. со нож му нанел убодна рана во пределот на левиот бут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.