Две бебиња, близначиња стари 40 дена избодени се вчера околу 19 часот во местото Штрпце во Косово од страна на нивниот татко. Едното бебе е починато додека другото е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш. Се уште не е позната причината поради која таткото со нож ги нападнал своите новороденчиња.
Дејан Крстичиќ (35) е професор по физичко воспитување во средно училиште во Штрпац и тој досега немал никакво полициско досие ниту пак бил пријавуван за семејно насилство.
-Синоќа е уапсен, извршен е увид на лице место, земена е изјава од него и денеска е спроведен кај обвинител на натамошна постапка.Се работи за тоа дека прв пат се случило семејно насилство во таа куќа, никогаш досега не бил пријавен сличен инцидент или некоја ситуација каде тој би можел да се однесува на некој поинаков начин. Сосем нормален човек, не знам што се случи – рекол Драган Ивановиќ, командир на полциската станица во Штрпац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.