Двајца дански новинари на „Национална географија“ (National geographic) се избодени во Либрвил, главниот град на Габон. Еден од повредените новинари е во критична здравствена состојба.
Според очевидци на инцидентот, мажот кој ги нападнал извикал „Алах акбар“, а на полицијата им кажал дека бил мотивиран од нападите на САД против муслиманите и нивното признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
Напаѓачот, кој е идентификуван како 53-годишен Нигериец, кој живее во Габон, е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.