| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се близначињата кои ги убил македонскиот конзул во Шпанија!

bliz

Деновиве сите медиуми на големо пишуваат за македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус,  кој ги уби своите тригодишни близнаци. Медиумите пренесуваат дека во затворот тој се обидел да се самоубие поради што не бил во можност да се појави во судот во Кејп Таун, Јужна Африка, бидејќи бил во болница со сериозни повреди на стомакот.

Засега не се знае кои се причините и околностите за смртта на децата.  Се знае само дека неговата поранешна сопруга Џулија Енџелхорн ги пронашла телата на нивните близнаци Максимо и Октавија во изнајмена куќа за одмор во населбата Принсес Роуд во четвртокот.
Портпаролот на полицијата Андре Траут рекол дека Деус избегал со нејзиниот автомобил и бил уапсен подоцна во Винберг, предградие на Кејп Таун. Близнаците со родителите требало да се вратат во Шпанија, рекол адвокатот на мајката. Ова е фотографијата на убиените близинаци.
deca

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top