По Џејсон Колинс во НБА-лигата, кој прв повлече нога и јавно призна дека е хомосексуалец, признание дека е геј, од таа страна на барата, од САД, стаса и од фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Роби Роџерс. Тој е прв активен фудбалер во МЛС лигата во САД што ја откри истополовата сексуална определба. Роџерс изјави дека долго време се криел бидејќи стравувал од реакциите на заедницата, но откако почуствувал поддршка од неколку организации кои се борат за еднакви права и за надминување на хомофобијата, одлучил јавно да се декларира како хомосексуалец.
Пред еден месец Џејсон Колинс, кошаркар во НБА-лигата, призна дека е геј, што беше прв пример на врвен спортист од професионалните американски лиги јавно да проговори за сексуалната определба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)