Новопечениот амбасадор на екипата на Барселона, Роналдињо присуствуваше на „Ол-Стар“ натпреварот во Њу Орлеанс, каде размени неколку дресови со НБА ѕвездите.
Имиња како Дурант, Џејмс, Антетокумпо, Томпсон и Кари беа одушевени од присуството на Бразилецот и не го криеја задоволството од средбата.
Роналдињо изјави дека дресовите, кои ги доби од Кари и останатите, ќе завршат во неговата колекција заедно со оние на Коби Брајант и Мајкл Џордан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.