| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Илиќ: По­сто­јат шан­си ма­ке­дон­ски ди­зај­нер да се по­ја­ви на Мод­на­та не­де­ла во Лон­дон

Са­мо што бил об­ја­вен по­ви­кот, во пр­ви­те не­кол­ку де­на се при­ја­ви­ле ди­зај­не­ри што се за­ин­те­ре­си­ра­ни да учес­тву­ва­ат на кон­кур­сот. Ова е од­лич­на мож­ност за мла­ди кре­а­тив­ци што има­ат идеи, а до­се­га не­ма­ле мож­ност да ја прет­ста­ват сво­ја­та ра­бо­та

Мла­ди­те ма­ке­дон­ски мод­ни ди­зај­не­ри прв­пат има­ат шан­са да ги прет­ста­ват сво­и­те мо­де­ли на Мод­на­та не­де­ла во Лон­дон. На нат­пре­ва­рот мо­же да учес­тву­ва­ат мод­ни ди­зај­не­ри на во­зраст до 33 го­ди­ни или тие со ма­кси­мум пет го­ди­ни ра­бо­та во мод­ни­от биз­нис. Ста­ну­ва збор за ре­ги­о­на­лен про­ект по­вр­зан со мо­да­та, прв од ва­ков вид на Бал­ка­нот и во­ед­но нат­пре­вар на кој ќе учес­тву­ва­ат ди­зај­не­ри од Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Сло­ве­ни­ја и од Хр­ват­ска. По трој­ца од­бра­ни ди­зај­не­ри од че­ти­ри­те зем­ји ќе има­ат мож­ност да ја прет­ста­ват сво­ја­та ра­бо­та за вре­ме на Мод­на­та не­де­ла во Бел­град, ко­ја ќе се одр­жи во март. По­бед­ни­кот ќе би­де на­гра­ден со пре­зен­ти­ра­ње на ко­лек­ци­и­те на „Фешн ска­ут“ во Лон­дон, за вре­ме на Мод­на­та не­де­ла во сеп­тем­ври. По при­стиг­ну­ва­ње­то на при­ја­ви­те, про­фе­си­о­нал­но жи­ри ќе на­пра­ви се­лек­ци­ја врз ос­но­ва на ква­ли­те­тот на сра­бо­те­но­то и иде­и­те.

– „Фешн ска­ут“ е дел од лон­дон­ска­та мод­на не­де­ла и прет­ста­ву­ва пла­тфор­ма ко­ја ра­бо­ти на плас­ман на мла­ди та­лен­ти. Нај­че­сто но­ва­та ге­не­ра­ци­ја ди­зај­не­ри се откри­е­ни ток­му во рам­ки­те на пре­зен­ти­ра­ње­то та­му. Де­нес има­ме мно­гу поз­на­ти ими­ња во свет­ски рам­ки, та­ка што, де­фи­ни­тив­но, ста­ну­ва збор за го­ле­ма шан­са ко­ја му се ну­ди на по­бед­ни­кот на на­ши­от нат­пре­вар – ве­ли Ма­ри­ја Илиќ, за­дол­же­на за од­но­си со јав­ност во Мо­ден ви­кенд – Скоп­је.

Спо­ред неа, има шан­си ма­ке­дон­ски ди­зај­нер да се по­ја­ви на Мод­на­та не­де­ла во Лон­дон.

unnamed-13

Прв­пат се слу­чу­ва ма­ке­дон­ски мла­ди ди­зај­не­ри да има­ат шан­са да се по­ја­ват на Мод­на­та не­де­ла во Лон­дон. Ка­ко се слу­чи таа со­ра­бо­тка?

ИЛИЌ: Со мод­ни­те не­де­ли во Бел­град и во Љуб­ља­на има­ме со­ра­бо­тка од прет­ход­но и на­ши ди­зај­не­ри се прет­ста­ву­ва­ле кај нив, ка­ко и та­мош­ни ди­зај­не­ри во рам­ки­те на на­ши­от на­стан. Мар­тин Ро­бертс, исто та­ка, е наш со­ра­бот­ник и кон­сул­тант. По­дол­го вре­ме раз­го­ва­рав­ме за оваа иде­ја, но, ете, тре­ба­ше вре­ме и тех­нич­ки ус­ло­ви за да се ре­а­ли­зи­ра. Ве­ру­ва­ме де­ка ре­ги­о­нот има со што да се гор­дее и има што да по­ка­же во европ­ски рам­ки, па и во свет­ски. Са­ка­ме за­ед­нич­ки да се оби­де­ме мод­на­та ин­ду­стри­ја да ја од­не­се­ме на по­ви­со­ко ни­во и да им ги отво­ри­ме вра­ти­те на на­ши­те ди­зај­не­ри. По­ве­ќе­то мла­ди бал­кан­ски ди­зај­не­ри кои се поз­на­ти во странс­тво шан­са­та ја до­би­ле ток­му пре­ку слич­ни пре­зен­та­ции и шан­си кои им би­ле да­де­ни.

Кој има пра­во да ап­ли­ци­ра?

ИЛИЌ: Нат­пре­ва­рот е отво­рен за мод­ни ди­зај­не­ри на во­зраст до 33 го­ди­ни или за тие што има­ат ма­кси­мум пет го­ди­ни ра­бо­та во мод­ни­от биз­нис. Си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни тре­ба да ис­пра­тат ми­ни­мум шест ски­ци – без огра­ни­чу­ва­ње на те­ма­та или се­зо­на­та за ко­ја се на­ме­не­ти кре­а­ци­и­те, но за­дол­жи­тел­но е да би­дат соз­да­де­ни од но­ва иде­ја. Ста­ри ко­лек­ции не­ма да би­дат при­фа­те­ни, по­тоа „муд­борд“ и опис на ко­лек­ци­ја­та, кра­тка би­о­гра­фи­ја, ин­фор­ма­ции и сли­ки од прет­ход­ни­те ко­лек­ции и ка­де би­ле прет­ста­ве­ни поч­ну­вај­ќи од 2012 го­ди­на. Ро­кот за ап­ли­ци­ра­ње е 20 фе­вру­а­ри 2017 го­ди­на на info@fashionweekendskopje.mk.

Да­ли поч­наа да при­стиг­ну­ва­ат при­ја­ви за кон­кур­сот?

ИЛИЌ: На на­ше го­ле­мо за­до­волс­тво, во пр­ви­те не­кол­ку де­на се при­ја­ви­ја со­ли­ден број ди­зај­не­ри. Ова е од­лич­на мож­ност за мла­ди­те кре­а­тив­ци што има­ат идеи, а не­ма­ле мож­ност да ја прет­ста­ват сво­ја­та ра­бо­та. Тие што се­ри­оз­но пла­ни­ра­ат да се за­ни­ма­ва­ат со мод­на­та ин­ду­стри­ја ги ко­ри­стат си­те мож­но­сти и до­бро зна­ат за ка­кво по­тен­ци­јал­но искус­тво ста­ну­ва збор.

Спо­ред Ва­ше­то искус­тво, има ли шан­са да ви­ди­ме ма­ке­дон­ски ди­зај­нер на Мод­на­та не­де­ла во Лон­дон?

ИЛИЌ: Зо­што да не. Стран­ци­те што пре­ку на­ши­от на­стан има­ле мож­ност да ги ви­дат кре­а­ци­и­те на не­кои од до­маш­ни­те ими­ња, има­ат мно­гу по­зи­тив­ни ко­мен­та­ри, но па­тот до ател­је­а­та и из­лож­бе­ни­те са­ло­ни од Ма­ке­до­ни­ја до странс­тво не е се­ко­гаш ле­сен и кра­ток. Од­лу­чив­ме да им се да­де ед­на­ква шан­са на си­те и по трој­ца фи­на­ли­сти од Ма­ке­до­ни­ја, Хр­ват­ска, Сло­ве­ни­ја и од Ср­би­ја ќе има­ат мож­ност да се бо­рат на ист на­чин и под исти ус­ло­ви. Се­ка­ко де­ка ќе ни би­де дра­го до­кол­ку ток­му ма­ке­дон­ски ди­зај­нер за­ми­не за Лон­дон и има мож­ност да ја прет­ста­ви сво­ја­та ра­бо­та, на­ша­та зем­ја и, се­ка­ко, Мо­ден ви­кенд – Скоп­је. По­треб­на е по­го­ле­ма вер­ба во на­ши­те ди­зај­не­ри и по­ве­ќе под­др­шка од ин­сти­ту­ци­и­те што го мо­жат тоа. 

marija ilic 3 (Custom)

Ова е од­лич­на мож­ност за мла­ди­те кре­а­тив­ци што има­ат идеи, а не­ма­ле мож­ност да ја прет­ста­ват сво­ја­та ра­бо­та, вели Марија Илиќ

Ќе ни об­јас­ни­те ли не­што по­ве­ќе за на­ста­нот „Фешн ска­ут“, кој се одр­жу­ва ве­ќе 10 го­ди­ни?

ИЛИЌ: „Фешн ска­ут“ е дел од лон­дон­ска­та мод­на не­де­ла и прет­ста­ву­ва пла­тфор­ма ко­ја ра­бо­ти на плас­ман на мла­ди та­лен­ти. Нај­че­сто но­ва­та ге­не­ра­ци­ја ди­зај­не­ри се откри­е­ни ток­му во рам­ки­те на прет­ста­ву­ва­ње­то та­му. Де­нес има­ме мно­гу поз­на­ти ими­ња во свет­ски рам­ки, та­ка што, де­фи­ни­тив­но, ста­ну­ва збор за го­ле­ма шан­са ко­ја му се ну­ди на по­бед­ни­кот на на­ши­от нат­пре­вар.

Ос­но­ва­чот на „Фешн ска­ут“, Мар­тин Ро­бертс, ед­наш бе­ше во Ма­ке­до­ни­ја и има­ше шан­са да се за­поз­нае со ра­бо­та­та на ма­ке­дон­ски­те мод­ни ди­зај­не­ри. Ка­кви беа не­го­ви­те впе­ча­то­ци за ма­ке­дон­ска­та мо­да?

ИЛИЌ: Мар­тин бе­ше дел од биз­нис-про­гра­ма­та на ос­мо­то из­да­ние на Мо­ден ви­кенд – Скоп­је, на на­ше го­ле­мо за­до­волс­тво ус­пе­ав­ме да го до­не­се­ме во Скоп­је со по­мош на Бри­тан­ски­от со­вет во Ма­ке­до­ни­ја. На пре­да­ва­ње­то на те­ма „Мо­ден биз­нис и про­мо­ци­ја“ им го пре­не­се сво­е­то дол­го­го­диш­но искус­тво на Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва, Ива­на Цве­тков­ска, Ле Бренд, Еле­на Спа­сов­ска, Искра Џо­киќ, Ири­на То­ше­ва, Еле­на Љу­ти­ко­ва, Ме­ла­ни Ди­ми­тров­ска, Еле­на До­дев­ска и Але­ксан­дра Јан­чев­ска, кои беа из­бра­ни пре­ку отво­рен по­вик. Ро­бертс при­сус­тву­ва­ше и на ре­ви­и­те на по­ве­ќе­то то­гаш­ни учес­ни­ци и оп­шти­от впе­ча­ток е де­ка има­ме та­лен­ти­ра­ни ди­зај­не­ри кои мо­жат да по­стиг­нат мно­гу до­кол­ку ра­бо­тат пер­ма­нент­но и, се­ка­ко, во пра­вил­на на­со­ка.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 233. број на неделникот Република кој излезе во печат на 17.02.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top