Поранешниот директор на француската банка „Сосијете Женерал“ Бурсораме Иг Ле Бре, ќе формира банка за сиромашни во соработка со сопствениците на киосци за продажба на цигари и весници, јавува порталот „Денешен“.
Надзорниот орган за набљудување на активностите на банките и осигурувањето во Франција (АЦП) ја одобри новата банкарска услуга по електронски пат, во која се вложени 11 милиони евра. Со тоа кој било Французин ќе може да отвори сметка „Никел“ кај најблискиот продавач на цигари или весници.
Покрај Бре, автор на проектот и е специјалистот за нови технологии Риад Булануар.
– За отворање на сметка „Никел“ потребно се пет минути. Тоа ќе биде достапно за сите, без оглед на приходите, задолженоста или имотната состојба, без никаква дискриминација, истакнаа Бре и Булануар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазете се од оставена жена -одбил да ја финансира, па Кристина му го „паркирала“ мерцедесот во базен
-
Банкарот надигран, конечно освоена големата сума кај Лила (видео)
-
Банкарот кој ја разоткри финансиската мафија на илуминатите, пронајден мртов на Флорида
-
Сакал да сече делови од жртвата и жива да ја запали – бруталниот банкар се скрши


