| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на „Сосиете Женерал“ ќе отвори банка за сиромашни

Поранешниот директор на француската банка „Сосијете Женерал“ Бурсораме Иг Ле Бре, ќе формира банка за сиромашни во соработка со сопствениците на киосци за продажба на цигари и весници, јавува порталот „Денешен“.

Надзорниот орган за набљудување на активностите на банките и осигурувањето во Франција (АЦП) ја одобри новата банкарска услуга по електронски пат, во која се вложени 11 милиони евра. Со тоа кој било Французин ќе може да отвори сметка „Никел“ кај најблискиот продавач на цигари или весници.

Покрај Бре, автор на проектот и е специјалистот за нови технологии Риад Булануар.

– За отворање на сметка „Никел“ потребно се пет минути. Тоа ќе биде достапно за сите, без оглед на приходите, задолженоста или имотната состојба, без никаква дискриминација, истакнаа Бре и Булануар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top