| четврток, 6 декември 2018 |

Банкарот кој ја разоткри финансиската мафија на илуминатите, пронајден мртов на Флорида

Роналд Бернард (61), елитен холандски банкар, кој ја разоткри финансиската индустрија на Илуминатите пронајден е мртов на Флорида.

Бернард живеел во Себринг на Флорида од минатата година, по венчавката со американска државјанка. Канцеларјата на шерифот на округот Хајленд соопшти дека Роналд Бернард повикал 911 во 15:46 часот и рекол дека се изгубил додека шетал во природа. Повеќе од десет полицајци и спасувачка екипа го барале на многу непристапен терен, полицијата се обидувала да го следи сигналот од неговиот мобилен телефон, но тој постојано покажувал различни локации . Бернард неколку пати одговорил на повиците и рекол дека е во опасност, но продолжувал да се движи иако му било сугерирано да остане на едно место. Последниот контакт диспечерите го имале со поранешниот банкар во 18.30 часот.

По десетина минути хеликоптер го забележал како лежи завртен со лицето надолу во плитка вода на околу 300 мери од последната локација на неговиот мобилен телефон.

Обдукција треба да утврди која е точната причина за смртта на банкарот кој ја откри суровата пракса и жртввуањето деца меѓу елитите на банкарската индустрија опишувајќи ги своите искиства во серија интервјуа на интернет во почетокот на годинава.

Откри експлицитни детали за начинот на кој Илуминатите го користат жртвувањето деца за тестирање и уценување свои членови. Тој вели дека и од него барале да жртввуа дете на една забава и дека тогаш одлучил да ги напушти Илуминатите.

„Бев предупреден кога влегував во ова – не го прави тоа освен ако не можеш совеста да ја ставиш 100% во замрзнувач. Тогаш се слушнав себеси како се смеам, но тоа воопшто не беше шега. Се тренирав да станам психопат, но не успеав.“

Опишувајќи го периодот кога неговиот „замрзнувач почнал да крвави“, Роналд зборува и за уривање на националните економии и нивно банкротирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top