Банкарот од Бахамите, Гај Џентајл (41), раскинал со руската манекенка Кристина Кучма (24) една вечер во ресторан, а таа потоа му се одмаздила на несекојдневен начин.
Џентајл води брокерско претпријатие, а на 7 октомври во дворот во сопствениот дом го дочекало вистинско изненадување.
Имено, неговата сега веќе поранешна девојка Кристина го паркирала неговиот „мерцедес“ во базен, а на Гај му биле потребни четири часа за да го извлече од таму.
Сега Гај конечно проговори за овој инцидент.
-Морам и јас да прифатам дел од одговорноста. Ако жената не е луда, тогаш не ве сака. Изгледа толку ја полудев што ми го паркира возилото во базено- изјави тој.
Во текот на 2007 година Џентајл наводно бил обвинет за малверзации на „Волстрит“ кога се обидел да ги зголеми цените на акциите преку лажни или погрешни препораки.
Почнал да соработува и со ФБИ за да се ослободи од обвинението, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Со Кристина раскинил вечерта во ресторанот кога му побарала 50.000 долари за да почне сопствен бизнис. Во врска биле една година.
Поради тоа што веќе ѝ купил чанта „гучи“, нов „ајфон“ и слушалки за нејзиниот роденден, сметал дека за нивната врска нема да биде добро ако се вмеша и работата.
-Ѝ реков дека јас не сум такво момче. Ако сака момче што ќе ѝ даде пари за да не работи ништо, тогаш е со погрешна личност- изјави тој.
Тогаш таа му истурила зелен чај в лице и излегла надвор со клучевите од неговиот „мерцедес“.
Му испратила порака кога својата одмазда ја спровела на дело, пренесува „Бизнис инсајдер“.
-Лаги. Ми рече дека ќе ми помогнеш да почнам сопствен бизнис. Тоа беа твоите зборови. Сега сакаш да бидеш инвеститор. Е, па, инвеститоре, ќе се изненадиш од она што ќе го затекнеш во својот двор- напишала таа.
Тој изјави дека првин што помислил е дека таа е во автомобилот и се уплашил за неа. Кога сфатил дека не е таму, се налутил и сметал дека е неблагодарна по сè што направил за неа.
Полицијата извршила увид и направила записник.
-Навистина ја сакав таа девојка и сакав да се оженам со неа, но таа отиде предалеку- изјави Гај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.