Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Низ цела Македонија врне ситен дожд, додека во Крива Паланка врне снег со посилен интензитет, соопшти ЈП Македонија пат.
Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.