Европската фудбалска унија отвори дисциплинска постапка против Сент Етјен поради недолично однесување на навивачите на дуелот против Манчестер Јунајтед во рамките на ЛЕ.
Сент Етјен е обвинет бидејќи приврзаниците на францускиот клуб палеле бакли и на теренот на „Олд Трафорд“ и фрлале разни предмети.
УЕФА наведува дека дисциплинскиот орган со случајот ќе се занимава во 23. март, кога ќе биде и соопштена конечната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.