| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА подготвува казна за Сент Етјен: Такво однесување е недолично

fanovi-768x460

Европската фудбалска унија отвори дисциплинска постапка против Сент Етјен поради недолично однесување на навивачите на дуелот против Манчестер Јунајтед во рамките на ЛЕ.

Сент Етјен е обвинет бидејќи приврзаниците на францускиот клуб палеле бакли и на теренот на „Олд Трафорд“  и фрлале разни предмети.

УЕФА наведува дека дисциплинскиот орган со случајот ќе се занимава во 23. март, кога ќе биде и соопштена конечната одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top