| четврток, 6 декември 2018 |

„Коха“: Заев се согласил на промена на химната и знамето, ДУИ побарала гаранции

Иако одговорите на СДСм кон албанската Платформа не се обелоденети за медиумите и за граѓаните, весникот Коха од блиски извори до албанските партии дознава некои детали за тоа што напишале од СДСМ. Партијата на Заев според овие извори секогаш давала гаранција за нов закон за употреба на Албанскиот јазик и поништување на законот од 2008 за употреба на јазиците на немнозинските заедници.

СДСМ прифатија многу понапреден статус за употреба на Албанскиот јазик за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кажуваат извори од албанските партии. Според одговорот на СДСМ, Албанскиот јазик ќе биде официјален за внатрешна употреба на ниво на целата извршна власт, како и во судската, со што ќе се овозможи министрите да зборуваат на Албански на владините состаноци, на средбите со македонските функционери како и со странските делегации, кој ќе ја посетуваат нашата земја. За да се олесни ова СДСМ ветија формирање владина комисија формирана од лектори на Албански јазик, кои ќе ја преведуваат секоја владина одлука и секој документ од Владата и Министерствата. Исто така, како што се дознава од партиски извори, на Албански јазик ќе зборуваат и членовите на државните комисии, а напредок ќе има и што се однесува на комуницирањето на граѓаните со државните администрации. Исто така, на Албански ќе може да зборуваат и сите обвинители и секој судски документ може да биде на Албански јазик. Што се однесува до биџетот, СДСМ прифатија промена на Законот за биџет, за еден дел од ДДВ да оди на општинските буџети и со ова да се овозможи и поголема придобивка на албанските општини. СДСМ исто така прифатија да се оформи владина комисија како што се бара во албанската платформа, за капитални инвестиции во албанските населени места.

Во врска со вградувањето на албанските елементи во химната и знамето, СДСМ одговориле дека за овие прашања ќе се отворат дискусии во моментот кога државата ќе стане кандидат за членство во ЕУ, каде легислативата само по себе налага промени во државните симболи.

sdsm dui

Како што кажуваат овие извори, Ахмети без да обезбеди силни гаранции од меѓународниот фактор и од Заев, нема да прифати да биде дел од власта. Според извори од ДУИ, истото важи и за ВМРО, и дека не се отстранува и можноста и со оваа партија доколку ја прифати Платформата на Албанците и граѓаните кај меѓународниот фактор.

Во врска со СЈО, СДСМ како прва варијанта предлозите да се настојува преку Уставен Суд да се бара продолжување на неговата работа, што се однесува на правото да покренува обвиненија уште 18 месеци. Доколку не успее оваа варијанта, тогаш ќе се оди преку Јавното Обвинителство, каде што кадрите и апаратот на СЈО ќе преминат во овој судски оддел. Во врска со Законот за заштитни сведоци, СДСМ напишале дека доколку не се продолжи мандатот, ќе важи постоечкиот закон, затоа што доколку се заедно со ДУИ во Владата ќе направат измени во овој раководството на Јавното обвинителство, измени во Обвинителниот Совет, Судскиот Совет.

Инаку, весникот КОХА дознава од блиски извори на ДУИ дека ако Заев не даде гаранција пред меѓународниот фактор, дека ќе го реализира тоа што сам го напишал во врска со албанската платформа, одговорот за давање на потписите ќе се одложи од страна на ДУИ. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, според овие извори му го направил јасно не само на Заев туку и на Американската Амбасада и на амбасадорите на другите западни земји, дека тој и неговата партија доста придонеле за решавање на политичката криза овие две години, помагајќи во постигнување на Пржинскиот договор, и дека ова не му се возвратило на позитивно, туку влијаено на паѓањето на рејтингот на последните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top