Ќе ве шокира и вас, затоа што дури 350 милиони луѓе се во опасност. Дали знаевте дека депресијата и срцевиот удар се тесно поврзани?!
Така вели новото германско истражување, кое покажа дека депресијата е еднакво опасна и влијае на срцето исто како и дебелината и високиот крвен притисок.
Собраните податоци утврдиле дека депресијата предизвикува дури 15 отсто срцеви удари, дебелината 21 отсто, а високиот притисок 84 отсто.
Експертите истакнуваат дека овој податок е од голема важност затоа што депресијата погодува 350 милиони луѓе во светот според податоците на Светската здравствена организација.
Авторот на студијата, професорот Карл – хејнц Лудвиг од Техничкиот универзитет во Минхен вели дека нема дилема дека депресијата е ризичен фактор за кардиоваскуларни болести, но е прашање каква е врската на депресијата и другите ризични фактори, како што се пушењето, високиот холестерол, дебелината и хипертензијата и колку е голема улогата на секој поединечен фактор.
Студијата во период од 10 години следела 3500 машки пациенти од 45 до 74 години. За време на студијата умреле повеќе од 500 лица и тоа половина од срцеви болести. Депресијата била причина во 15 отсто од умирањата.
Авторите на студијата велат дека се покажало дека помеѓу сите главни фактори, кои се ризичен фактор за срцевите болести, депресијата има средно силно влијание.
-Кај високо ризични пациенти, дијагностиката на депресијата би требало да биде стандардна – вели професорот Лудвиг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.