| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Одговорот од ДУИ го очекуваме во форма на потписи

Од СДСМ велат дека ќе се воздржат од дополнителни коментари и дека сите чувствителните прашања ќе се разгледуваат од позиција на мандатар

silegov(18)

Очекуваме одговорот од ДУИ да стигне во форма на потписи за добивање на мандатот, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

На новинарско прашање како ги коментира шпекулациите за наводни несогласувања околу примената на албанскиот јазик, Шилегов рече дека сите шпекулации во медиумите по сензитивните теми ќе ги коментираат од позиција на мандатар за формирање влада.

Гаранциите се испратени само до ДУИ, не и до останатите политички партии, рече Шилегов и додаде дека партијата има разбирање за одолговлекувањето, затоа што, како што вели, на секој сериозен политички субјект му е потребно време за да донесе правилна одлука.

– Ние и на овие избори истапивме со јасен став за единствена Македонија без поделби – рече Шилегов коментирајќи ги најавите за формирање на македонска платформа, како контра одговор на албанската платформа со која настапија албанските партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top