| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии „Народите од Долината Омо“

Во четврток, 16 февруари, во 19 чсот во националната галерија Чифте Амам во Стара чаршија се отворра изложбата на фотографии во црно-бела техника на Доминик Готје, прв советник во Амбасадата на Франција во Скопје, во присуство на Амбасадорот на Франција, дипломатскиот кор и на претставници од уметноста и културата.

Оваа изложба се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата со Етиопија, Јужен Судан и Кенија, изработени за време на две патувања на Готје во оваа оддалечена област, во 2006 и 2007 година, додека бил на функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.

Овие народи се познати по својата убавина и по тоа што ја негуваат телесната уметност (слики на тело, необични фризури, облека и други орнаменти). Исто така, таму живеат импресивните жени со истегнати усни од народот Мурси чиишто мажи се занимаваат со овчарство. Но тие се и прекалени воини и се сметааат всушност за последните голи воини во Африка.

Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 26 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top