| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе на „Греми“ се појави во проѕирен златен фустан и златни бикини (видео)

Светски познатата пејачка Бијонсе првпат настапи во јавност откако соопшти дека е бремена со близнаци на свеченоста за доделување на музичките награди „Греми“.

Во текот на нејзиниот настап во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, пејачката направи сè за јасно да покаже дека е бремена. Таа на сцената настапи во проѕирен златен фустан, а самата објави и фотографии на кои носи златни бикини.

bijonse_tekst

Во текот на нејзиниот настап поддршка од публиката ѝ даваа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и ќеркичката Блу Ајви, додека пак нејзината мајка Тина Ноулс ја најави изведбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top