Светски познатата пејачка Бијонсе првпат настапи во јавност откако соопшти дека е бремена со близнаци на свеченоста за доделување на музичките награди „Греми“.
Во текот на нејзиниот настап во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, пејачката направи сè за јасно да покаже дека е бремена. Таа на сцената настапи во проѕирен златен фустан, а самата објави и фотографии на кои носи златни бикини.
Во текот на нејзиниот настап поддршка од публиката ѝ даваа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и ќеркичката Блу Ајви, додека пак нејзината мајка Тина Ноулс ја најави изведбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)