| четврток, 6 декември 2018 |

Червар до крајот на месецов треба да одлучи дали ќе си замине од Скопје!

lino cervar

Хрватската ракометна федерација е во „лов“ на македонскиот селектор Лино Червар, кој доби ултиматум и ќе мора да се изјасни дали ќе си замине од нашата земја најдоцна до крајот на овој месец.

Средба во Скопје остварија Зоран Гобац и Лино Червар, на која претставникот на федерацијата  му соопштил на Лино дека ќе мора да се изјасни во најбрз можен рок. Условите се поставени, недостасува само одговорот на Хрватот.

– Се сретнавме со Лино во Скопје, на само, без претставници на клубот и федерацијата и разговаравме. Му ги дадов сите услови што можеме. Договорот е тој да одлучи до крајот на месецот. Червар е единствената „домашна“ опција, а во игра се уште четворица тренери. Нашиот став е да донесеме тренер со реноме и успеси, човек кој има резултати со години. Лино е наша прва опција, но не е и единствена – изјави Гобац.

Покрај со Червар, хрватската федерација разговарала со Валеро Ривера, кој решил да ја одбие понудата затоа што има обврски со Катар. Селекторското столче на „каубоите“ го одбил и Улрик Вилбек, кој соопштил дека оди во политиката. Покрај Червар, опции за столчето на хрватска се Патрис Канаје од Монпелје и Хуан Карлос Пастор од ПИК Сегед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top