| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Ацо Станкоcки во МКЦ

Во Галеријата на Македонскиот културен центар во вторник, 14 февруари, ќе биде отворена самостојна изложба на мултимедијалниот уметник Ацо Станкоски…

Александар Станкоски е роден во Кичево во 1959 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1985 година.

Тој е мултимедијален уметник, фокусиран на сликарство, стрип, перформанс, видео уметност и филм. Пишува есеи, раскази и текстови, кои реферираат на историјата на уметноста и социологијата.

Имал самостојни изложби во Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци, Загреб, Келн, Бреда, Њујорк, Сан Франциско и Монтереј и учествувал на значајни меѓународни групни изложби и филмски фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top