Полскиот интернационалец од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Роберт Левандовски, откри дека за да стане напаѓач од светска класа, каков што е сега, многу му помогнал актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп.
Левандовски имаше одлична соработка со Клоп додека двајцата беа дел од Борусија Дортмунд, а тој откри како Клоп му помогнал за време на тренинзите за да ги подобри ги развие своите шутерски способности пред голот.
– Ќе ви откријам една голема тајна, како научив да погодувам од различни позиции. Јирген Клоп имаше метод да се обложува со нас, натпреварувајќи се со играчите на тренинг во прецизни удари од различни позиции. Игравме во 50 евра, кој ќе постигне повеќе голови од 10 удари, тој ги зема парите. И верувајте дека многу често го победував. Но, на крајот од месецот, секако, добивав и симболична казна, за Клоп да си го врати загубеното, изјави репрезентативецот на Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Клоп по победата над Порто: Обично не е толку лесно
-
Клоп: Еден помошник судија сакаше да биде во центарот на вниманието
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани