| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на Стража, кај местото Бунец и Попова Шапка

Магла со видливост од 50 до 100 метри вечерва има на планинскиот превој Стража, на патниот правец Гостивар-Маврово кај местото Бунец со видливост од 50 до 80 метри и на патниот правец Тетово-Попова Шапка од село Лисец-Попова Шапка со видливост од 20 до 30 метри.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top