| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец се бори за живот по тешка сообраќајка

Две лица се повредени, од кои едното се бори за живот во тешката сообраќајка која се случила вчера околу 15,30 часот на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија.

До незгодата дошло кога Т.Д.(36) од Штип, управувајќи со „лада караван“, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната страна на коловозот и удрил во брег со камења надвор од коловозот.

Во незгодата повредени се сопатниците С.С.(28) и Н.З.(20), кои веднаш се пренесени во Клиничката билница Штип, каде кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди. По извршената хируршка интервенција тој се уште е во животна опасност.

Второто повредено лице се здобило со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Автомобилот бил помесет од местото на несреќата и бил пронајден на ул.„Косовска“бб, од каде е пренесен во полициската станица за БПС-Штип. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип во присуство на јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top